Close Menu
Press24
    Најново

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат

    28.10.2026 во 22:00

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пресврт: На стариот пат кон Врање загинала баба и двегодишно дете, мајката се бори за живот

    Пресврт: На стариот пат кон Врање загинала баба и двегодишно дете, мајката се бори за живот

    25.09.2026 во 23:401 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Бујановац, во која животот го загубиле баба и нејзиниот двегодишен внук, додека мајката на детето е тешко повредена и се наоѓа во критична состојба.

    Првичните информации во српските медиуми беа дека во несреќата загинале мајка и дете, но според најновите информации што ги објавува „Телеграф“, семејството потврдило дека жртвите се бабата и нејзиниот двегодишен внук.

    Мајката на детето е пренесена во Клиничкиот центар во Ниш, каде лекарите се борат за нејзиниот живот. Несреќата се случила околу 18 часот на магистралниот пат, познат како стариот автопат, во правец кон Врање.

    Според првичните информации, дошло до директен судир на два автомобили. Во едното возило се наоѓал само возачот, додека во другиот автомобил било семејството. Во тешкиот судир биле повредени уште неколку лица, кои биле пренесени во здравствени установи за понатамошно лекување.

    Засега не се познати точните околности под кои дошло до директниот судир, а надлежните треба да утврдат што ја предизвикала трагичната несреќа.

    Прочитај повеќе

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.