Македонија не бара полесен пат кон Европската Унија, туку процес заснован на правила и мерливи критериуми, порача претседателот на Владата Христијан Мицкоски, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
„Не бараме пониски стандарди. Бараме стандардите да останат стандарди“, истакна Мицкоски во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.

