Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп

    23.09.2026 во 11:37

    Измерени минус 6 степени, студ во регионот – Пресврт со времето се очекува и во Македонија

    24.09.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јанев и Николовски доделија сертификати: Службените кучиња ангажирани во над 250 случаи за експлозиви само во 2026 година
    • Мицкоски од ОН: Процесот на евроинтеграција е надвор од секој разумен рок, ЕУ да обезбеди предвидливост
    • Мицкоски пред Генералното собрание на ОН: НАТО, САД и ЕУ се наша една геополитичка ориентација
    • Предупредување од агрометеоролозите: Итно собирање на родот поради опасност од ран есенски мраз
    • Обвинителен акт во Струга: Шест лица обвинети за уништување на родната куќа на Владо Малески
    • 4 степени измерени во Македонија во 17 часот – УХМР соопшти каде е најстудено, а каде најтопло
    • Се уште не им доаѓа памет – Полицијата улови девет лица зад волан без положен возачки испит
    • Апсења во Скопје и Прилеп – Паднаа 14 лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанев и Николовски доделија сертификати: Службените кучиња ангажирани во над 250 случаи за експлозиви само во 2026 година

    Јанев и Николовски доделија сертификати: Службените кучиња ангажирани во над 250 случаи за експлозиви само во 2026 година

    25.09.2026 во 18:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска (25.09.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со директорот на Царинската управа Бобан Николовски, ги поздрави учесниците и додели дел од сертификатите на учесниците на втората обука во рамки на Регионалната програма за сертификација на водичи на службени кучиња за мириси на производи за 2026 година.

    Во своето обраќање, Јанев истакна дека обуката е многу повеќе од стекнување нови знаења и вештини, бидејќи претставува пример како заедништвото, регионалната соработка и размената на искуства придонесуваат за посилна и поподготвена полиција.

    „Службените кучиња и нивните водичи се важен дел од полициското работење во откривањето дрога, оружје, експлозиви и други недозволени предмети, но и во обезбедувањето на јавниот ред и мир и јавната безбедност, како и во реализацијата на најсложените полициски задачи“, истакна Јанев.

    Тој посочи дека Единицата за службени кучиња при Министерството за внатрешни работи во изминатиот период бележи значајни оперативни резултати и учествува во голем број полициски активности и акции.

    „Само во 2026 година, тимовите со службени кучиња беа ангажирани во над 250 случаи за откривање експлозиви и експлозивни направи, како и во бројни случаи за откривање опасни дроги, оружје и муниција. Тоа се резултати зад кои стојат професионалност, дисциплина, посветеност и силна тимска работа“, нагласи директорот на Бирото за јавна безбедност.

    Јанев изрази благодарност до Мисијата на ОБСЕ и донаторската заедница за континуираната поддршка и доверба, како и до Европската агенција за гранична и крајбрежна стража и нивните стручни тренери за знаењето и искуството што го пренесуваат на полициските службеници.

    „Кога споделуваме знаење, искуство и одговорност, стануваме посилни заедно. Продолжуваме да инвестираме во луѓето, знаењето и современите полициски капацитети“, истакна Јанев.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски од ОН: Процесот на евроинтеграција е надвор од секој разумен рок, ЕУ да обезбеди предвидливост

    25.09.2026 во 18:46

    Мицкоски пред Генералното собрание на ОН: НАТО, САД и ЕУ се наша една геополитичка ориентација

    25.09.2026 во 18:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.