Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Овие намирници не треба да ги чувате во вратата од фрижидерот, грешка што многу луѓе ја прават
    • Кои 10 градови се прогласени за најубави летни дестинации во светот
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Позната здравствената состојба на возачот на цистерната што се запали на патот Гевгелија – Богданци

    Позната здравствената состојба на возачот на цистерната што се запали на патот Гевгелија – Богданци

    25.09.2025 во 16:292 Mins Read
    ФОТО: ДЗС
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Возачот на цистерната  со нафта што се запалила претпладнево откако излетала на патот Гевгелија – Богданци, се здобил со полесни повреди, а во тек е безбедно отстранување на истеченото гориво, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој претходно информираше дека пожарот бил брзо изгаснат од пожарникарите, а пради инцидентот сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци е во прекин.

    -Претпладне камион цистерна кој транспортирал 25 тони нафта излетал надвор од магистралниот пат Гевгелија – Богданци, при што дошло до негово превртување, а при превртувањето дошло до продупчување на самата цистерна во која биле складирани овие 25 тони нафта. Нафтата почнала да истекува, од ударот најверојатно дошло до нејзино палење по што се кренал црн и густ чад кој предизвика вознемиреност кај локалното население, вели Ангелов во видео изјавата. 

    Тој информира дека гевгелиските пожарникари со помош на специјална пена го изгаснале пожарот и потенцира оти возачот на возилото нема тешки телесни повреди. 

    -Во разговор со командирот на гевгелиските пожарникари бев известен дека има специјална пена со која ќе се обидат да го изгаснат пожарот. Набргу тие беа на лице место, го изгаснаа опожареното место со нафта и добро е тоа што дизелот истекува во блискиот канал непосредно покрај самиот пат. Пожарникарите истурале поголема количина на песок на неколку места со што нафтата останува заробена во каналот. Во меѓувреме стапивме во комуникација со сопственикот на цистерната. Од негова страна е организирана друга цистерна како и пумпи за испумпување на нафтата и од превртената цистерна од која горивото се уште истекува, но ќе биде собрана и нафтата која што се наоѓа во каналот. По отстранување на нафтата, ќе се истури ситен песок врз местото кој што треба да ги апсорбира остатоците од нафта, а потоа истиот ќе биде пренесен на безбедно место, појасни директорот на ДЗС. 

    Ангелов нагласува дека веднаш по превртувањето на цистерната, на местото излегле припадници на МВР, а присуствувале и инспектори на ДЗС и од Министерството за животна средина.

    Прочитај повеќе

    Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта

    25.08.2026 во 22:42

    Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?

    25.08.2026 во 22:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.