Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид на 24 септември го лишиле од слобода 17-годишник од Охрид.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја, како и дробилка со остатоци од марихуана. Марихуана била пронајдена и при преглед на малолетникот.
17-годишникот бил приведен во полициска станица, каде во присуство на негов родител и претставници од Центарот за социјални работи Охрид бил извршен службен разговор.
Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

