Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    ФОТО: Елегантно издание на сопругата на Премиерот – Рози Мицкоска на приемот кај Меланија Трамп

    23.09.2026 во 11:37

    Измерени минус 6 степени, студ во регионот – Пресврт со времето се очекува и во Македонија

    24.09.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пехчево со нови инвестиции: Се реконструираат улици, патишта и јавни објекти
    • Останаа уште три месеци за К-15: Колку пари ќе легнат на сметките на работниците?
    • Скопјанец го застанала полиција – Направил хаос
    • Скопјe: По полноќ преживеал хорор на улица
    • „Тргни ги или ќе ги убијам сите” – Македонец не сакал да чека со возилото па прегазил овци во Италија
    • Градејќи ја урнале куќата на Владо Малевски – Обвинение за шест лица за оштетување на културно наследство
    • Ќе нема струја до 14:30 – Исклучувања во повеќе делови на Скопје
    • Погребан Горан, имаше само 26 години – Семејството скршено од болка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пехчево со нови инвестиции: Се реконструираат улици, патишта и јавни објекти

    Пехчево со нови инвестиции: Се реконструираат улици, патишта и јавни објекти

    25.09.2026 во 09:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Пехчево во изминатиот период реализирала повеќе инфраструктурни проекти, со активности насочени кон подобрување на локалната патна мрежа, јавните објекти и условите за живот на граѓаните, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

    Според информациите, реконструирани и изградени се повеќе улици и локални патишта во Пехчево и околните населени места. Меѓу проектите се улицата „Индустриска“, патните правци Чифлик–Умлена и Умлена–Робово, како и улици во селата Чифлик, Робово, Умлена и Црник.

    Во тек е реконструкцијата на улицата „Илинденска“, заедно со краците „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, а активности се спроведуваат и во индустриската зона „Чуката“.

    Во јавниот сектор, според соопштението, реконструирани се културните домови во Црник и Панчарево, спортската сала „Јане Сандански“, зградата на општината, детската градинка „7 Септември“ и други јавни објекти.

    Општината спроведува активности и во областа на заштитата и уредувањето на животната средина. Реализирана е санација на диви депонии, уредување на градската депонија, како и зафати на водоводната и канализациската инфраструктура и јавните површини.

    Во соопштението се наведува и дека поддршката е насочена кон младите, спортот, културата и семејствата, преку поддршка на спортски клубови, Локалниот младински совет, културни манифестации, ученици и најмладите.

    Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека локалната самоуправа продолжува со реализација на проекти и инвестиции со цел подобрување на условите за живот и развој во Општина Пехчево.

    Just In Влада
    Прочитај повеќе

    Останаа уште три месеци за К-15: Колку пари ќе легнат на сметките на работниците?

    25.09.2026 во 09:44

    Скопјанец го застанала полиција – Направил хаос

    25.09.2026 во 09:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.