Заклучно со 7:30 часот утринава, на територијата на државата се регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор. Од нив, ниту еден не е активен, еден е ставен под контрола, а 17 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Под контрола е пожарот во општините Македонски Брод и Сопиште, во близина на селото Белица, на местото викано Кајорец, од каде огнот се проширил кон Јасен. Гори нискостеблеста и мешана шума.
Според ЦУК, изгаснати се пожарите на следните локации:
- Општина Сарај – село Сарај, ниска вегетација;
- Општина Бутел – село Љуботен, ниска вегетација;
- Општина Центар – улица „Народен Фронт“, ниска вегетација;
- Општина Битола – село Лавци кон село Брусник, ниска вегетација;
- Општина Могила – село Могила, стрништа и ниска вегетација;
- Општина Прилеп – село Мало Коњари, ниска вегетација;
- Општина Струмица – село Габрово, депонија;
- Општина Радовиш – село Калаузлија, ниска вегетација;
- Општина Струга – село Заграчани, ниска вегетација и стрниште;
- Општина Струга – спроти фабриката „Магна“, ниска вегетација и грмушки;
- Општина Дебар – село Коњари, ниска вегетација;
- Општина Велес – село Раштани кон село Превалец, ниска вегетација, отпад и лозје;
- Општина Куманово – село Речица, ниска вегетација;
- Општина Куманово – депонија Краста, отпад;
- Општина Тетово – село Порој, ниска вегетација;
- Општина Врапчиште – село Врапчиште кон село Топлица, ниска вегетација;
- Општина Врапчиште – село Сенокос, ниска вегетација.

