Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ
    • Пожар во Визбегово зафати два објекти во изградба
    • Сиљановска-Давкова оствари средба со ЦУП: Поддршка за иницијативата за бесплатен пристап до „Службен весник“
    • Герасимовски: Да се сплотиме, да се исправиме и да покажеме дека СДСМ има сила да оди напред
    • Муцунски во Њујорк оствари средба со британската пратеничка Карен Пирс
    • Крвав инцидент во Скопје: Со остар предмет нападнал сосед, неговата сопруга и сосетка
    • Вдовицата на Саша Поповиќ: „Ме заборавија од сцената, знам многу работи, ќе раскажам сè“
    • Кичево: Брат си го пријавил братот во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ

    Горан Герасимовски е избран за потпретседател на СДСМ

    24.09.2026 во 21:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека е избран за нов потпретседател на СДСМ, нагласувајќи дека ја прифаќа функцијата со големо чувство на одговорност.

    Тој посочи дека доаѓа од локалната политика и секојдневните средби со граѓаните, истакнувајќи дека политиката се прави меѓу луѓето. Герасимовски порача дека СДСМ мора да се обедини околу заедничките принципи и социјалдемократските вредности.

    „Не мора секогаш да мислиме исто. Не мора секогаш да се согласуваме. Но мора да знаеме што нè спојува. А тоа се принципите, спас на државата, одбрана на социјалдемократијата и борба за достоинствен живот на граѓаните. Со конкретни мерки, затоа што имаме и капацитет и квалитетни кадри и храбри поддржувачи.“

    Новиот потпретседател нагласи дека различното мислење треба да ја прави партијата посилна, а довербата се гради преку работа на терен, човек со човек и општина по општина.

    „Ве уверувам и Ви ветувам, дека победата во Центар, ќе ја пресликам и промовирам и во партијата. Тоа ќе биде мојот скромен придонес, бидејќи и јас и членовите на Центар, покажавме и докажавме, дека само храбро и со срце, дојдовме до резултати“, истакна Герасимовски.

    На крајот, тој повика на сплотеност без поделби и суети, потсетувајќи дека силата на СДСМ секогаш била во луѓето.

    Прочитај повеќе

    Сиљановска-Давкова оствари средба со ЦУП: Поддршка за иницијативата за бесплатен пристап до „Службен весник“

    24.09.2026 во 21:15

    Герасимовски: Да се сплотиме, да се исправиме и да покажеме дека СДСМ има сила да оди напред

    24.09.2026 во 21:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.