Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, утре (петок, 25.09.2026 година) со почеток во 12:00 часот ќе учествува на настанот што се организира на Машинскиот факултет во Скопје во рамки на програмата за одбележување на Европската ноќ на истражувачите 2026.
Манифестацијата е поддржана преку престижните акции „Марија Склодовска-Кири“ од европската програма Хоризонт Европа.
Иницијативата за вклучување на македонските институции во оваа европска манифестација потекнува од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), со институционална и финансиска поддршка од Министерството за образование и наука.
Програмата на настанот опфаќа серија работилници, ексклузивни лабораториски посети, научни презентации, изложби на студентски и истражувачки проекти, како и бројни други интерактивни активности наменети за промоција на науката.

