Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ на минатата седница на Советот побара како секаде така и во Општина Центар да се одржуваат седници наменети исклучиво за советнички прашања.
Но, наместо да одбере датум за советнички прашања, Герасимовски преку крајно надмен и несоодветен одговор кој не доликува на центарски градоначалник седницата за советнички прашања предлага да се закаже за Нова година, на 31.12.2026 година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Дека Горан „бетон“ Герасимовски не е способен да ги соочи аргументите со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, не е нова информација. Но, неговата лична (не)способност не е оправдание за да не одговора пред Советот за она што го работи, односно, (не)работи, а мора.
Замислете ова да се случуваше во Собранието, опозициските пратеници да не можат да постават прашање до Владата, а премиерот да им кажеше на пратениците “се гледаме за нова година”.
Општина Центар не е ништо помалку од другите институции и другите општини. Напротив, вакво не-транспарентно однесување е недозволиво за нај урбаната општина во државата, особено кога раководството е вмешано во финансиски скандали, издавање одобренија за градба „од ракав“, како и генерална неспособност и незнаење.
Советнички прашања мора да има секој месец. Сакале од СДС или не. Апелираме сите советнички групи да не поддржат во барањето редовно да се одржуваат седници за советнички прашања, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

