Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    ФОТО: Почина долгогодишен член на СДСМ – „Голема загуба за целото партиско семејство”

    23.09.2026 во 09:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Што добиваат македонските возачи со новата хрватска виза – ќе важи само за во една држава
    • Lidl ја проширува инвестицијата во Битола: Поставен камен-темелник за вториот маркет
    • Јаневска: Сите деца имаат право да учат и да стекнуваат вештини
    • Филипче од Аеродром: Дупката во Фондот за ПИОМ достигна една милијарда евра
    • Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Инвестициите и соодветното финансирање се клучни за енергетска сигурност и одржлив економски раст
    • МВР со детали за вчерашниот пожар во кругот на „Железара“
    • Приведени девет возачи – меѓу нив неколку малолетници
    • Инцидент во Прилеп: Приведени маж и жена затоа што попречувале социјални работници при службена работа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рубио: На Путин не му оди на фронтот – Русија не може да ја добие војната

    Рубио: На Путин не му оди на фронтот – Русија не може да ја добие војната

    23.09.2026 во 12:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Војната во Украина нема да заврши со руска победа, оцени американскиот државен секретар Марко Рубио, посочувајќи дека руската армија бележи слаби резултати на бојното поле. Според него, конфликтот е штетен и за Украина и за Русија и единственото реално решение на крајот ќе бидат преговори.

    Рубио изјави дека колку побрзо започне политичко решение, толку помалку животи ќе бидат загубени и помала ќе биде штетата од војната. Тој додаде дека администрацијата на Доналд Трамп ќе продолжи со обидите да ги приближи позициите на Москва и Киев, иако во моментов двете страни сè уште се далеку од мировен договор.

    Изјавата доаѓа еден ден по средбата на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Њујорк. Американскиот претседател тогаш порача дека е време војната да заврши и дека Вашингтон разговара и со рускиот претседател Владимир Путин за можен договор.

    Зеленски, пак, изјави дека Киев и Вашингтон разговарале за чекори за деескалација кои би можеле да отворат пат за дипломатија. Тој најави и предлог за взаемен прекин на нападите врз енергетската инфраструктура – Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии и енергетскиот систем доколку Москва престане со нападите врз украинската енергетика.

    Од руска страна засега нема сигнал за брз прекин на војната. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров порача дека Москва ќе продолжи со воените операции сè додека не бидат исполнети нејзините цели.

    Прочитај повеќе

    Се сруши мост во Романија – преку него минало тешко возило кое немало соодветна дозвола за движење

    23.09.2026 во 11:27

    Истражни детали од Турција: Момчето кое пукаше кај училиште во Маниса го најавило нападот, еве што е најдено во неговата соба

    23.09.2026 во 11:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.