Хакерската група наречена „ShinyHunters“ тврди дека провалила во Федералното истражно биро (ФБИ) и украла податоци за голем број сегашни и поранешни вработени, вклучувајќи имиња, домашни адреси, броеви на социјално осигурување и информации за работа.
Групата на својата темна веб-страница и во интервју за Ројтерс изјави дека го извршила нападот како одговор на соопштението на ФБИ од мај 2026 година, во кое агенцијата ги опиша методите на ShinyHunters и им советуваше на жртвите да не го плаќаат откупот.
„ShinyHunters“ тврди дека украле податоци за „скоро сите агенти на ФБИ“ и луѓе кои аплицирале за работа во агенцијата.
Како доказ, хакерите понудија снимка од екранот од наводно хакнатата веб-страница за регрутирање на ФБИ и примерок од податоците. Ројтерс не можеше да ја потврди автентичноста на снимката од екранот, но веб-страницата за регрутирање на ФБИ вчера беше недостапна.
Примерокот од податоци вклучуваше имиња на агенти, домашни адреси, броеви на социјално осигурување, детали за вработување и, во некои случаи, имиња на членови на семејството.
ФБИ не одговори на повторените барања за коментар од Ројтерс.
ShinyHunters е една од попознатите хакерски групи, а Ројтерс објави дека групата неодамна тврдела дека украла милиони деловни записи од Rockstar Games и дека била поврзана со напад врз образовната алатка Canvas, објави Танјуг.

