Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Плоштад Македонија станува полигон за прва помош: 10 младински екипи во натпревар

    Плоштад Македонија станува полигон за прва помош: 10 младински екипи во натпревар

    23.09.2026 во 10:421 Min Read
    Црвен Крст
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државниот натпревар по прва помош ќе се одржи на 26 септември во Скопје, во организација на Црвениот крст на град Скопје.

    На натпреварот ќе учествуваат 10 младински екипи кои претходно се пласирале преку општинските и регионалните натпревари. Тие ќе ги одмерат знаењата и практичните вештини за укажување прва помош во различни ситуации.

    Учесниците ќе се соочат со реалистично симулирани повреди и итни состојби, при што ќе треба да покажат брза и соодветна реакција.

    Натпреварот ќе се одвива на повеќе локации во централното градско подрачје, со главен пункт на Плоштадот „Македонија“. Ќе бидат опфатени и просторот околу МНТ и Музејот на холокаустот, плоштадот „Филип II“, кејот на Вардар, Жена парк, Порта Македонија и просторот во близина на Италијанската амбасада.

    На свеченото отворање се очекува обраќање на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој е покровител на настанот.

    Организаторите очекуваат на настанот да присуствуваат повеќе од 200 учесници и гости.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница

    06.10.2026 во 11:37

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.