Министерот за спорт Борко Ристовски од денеска до 27 септември ќе престојува во официјална посета на Азербејџан, информираат од Министерството за спорт.
Во рамки на посетата, Ристовски ќе се сретне со азербејџанскиот министер за млади и спорт Фарид Гајибов. На средбата се очекува да бидат разгледани можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на спортот.
Како дел од посетата ќе биде потпишан и Меморандум за разбирање меѓу двете министерства.
Документот предвидува соработка во повеќе области, меѓу кои размена на експерти и спортски кадри, спортска медицина, организација на спортски настани и развој на спортскиот туризам.
Предвидена е и соработка меѓу националните спортски организации од двете земји.

