Фотографии на кои, според тврдењата на граѓани, се гледаат глувци во Кисела Вода се споделуваат на социјалните мрежи.
На Фејсбук групата „Кисела Вода – Пријави Проблем”, се споделуваат фотографии од прегазени глувци во населбата Драчево.

Објавите предизвикаа реакции кај жителите кои бараат надлежните институции да преземат мерки.
Засега нема официјална потврда за обемот на проблемот, ниту информации дали и каде се преземаат конкретни мерки за дератизација.


Фејсбук група „Кисела Вода – Пријави Проблем”
Ова не прв ваков случај во Скопје. Неодамна се појавија фотографии од глувци и стаорци во Центар. Фејсбук групата „Во одбрана на Буњаковец” алармираше за присуство на стаорци и глувци на општинскиот паркинг лоциран меѓу ТЦ „Буњаковец“ и ООУ „Ј. Х. Песталоци“ во Центар.
По веста, Општина Центар најави вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината.

