Вкупно 28 пожари на отворен простор се регистрирани во Македонија до 7:30 часот утрово, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од нив, 27 се целосно изгаснати, додека еден пожар е ставен под контрола. Во моментов нема активни пожари.
Пожарот кој е под контрола е на подрачјето меѓу општините Македонски Брод и Сопиште. Горела нискостеблеста и мешана шума во близина на селото Белица, односно на потегот кон Јасен.
Изминатото деноноќие пожари биле регистрирани на повеќе локации низ земјава, меѓу кои Куманово, Липково, Сарај, Струга, Охрид, Кичево, Штип, Радовиш, Босилово, Виница, Прилеп, Демир Капија, Гостивар, Карпош, Гази Баба, Бутел и други општини.
Најчесто горела ниска вегетација, но регистрирани се и пожари на депонии, стрништа, како и во шумски подрачја.

