Close Menu
Press24
    Најново

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Брат го пријавил братот во полиција – Семејна драма во Македонија

    22.09.2026 во 08:22

    Пред нас свеж ден – УХМР ги измери темепратурите, предупредува за невреме

    21.09.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жените во политиката на удар на дигиталното насилство: Дебата во Собранието
    • Три панел-дискусии за европскиот пат на Македонија: Денеска 75. дијалог-сесија на НКЕУ-МК
    • Од 9 часот ќе нема вода – Исклучување на неколку скопски улици
    • Пратениците со полни раце работа: Заседаваат три комисии
    • Ќе нема струја со часови – Проверете дали сте на списокот населби
    • Вадете ги јакните – УХМР најавува пад на температурите, од петок уште поголема промена
    • Анкета: Рејтингот на Трамп падна на 32%, најниско ниво досега
    • Приведен 31-годишен маж, ја нападнал својата 18-годишна вонбрачна партнерка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Жените во политиката на удар на дигиталното насилство: Дебата во Собранието

    Жените во политиката на удар на дигиталното насилство: Дебата во Собранието

    23.09.2026 во 08:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Собранието денеска и утре ќе се одржи дводневна тркалезна маса посветена на унапредувањето на родовиот паритет и борбата против дигиталното насилство врз жените во политиката.

    Настанот ќе се одржи во Големата Купола, а е организиран од Собранието и Интерпарламентарната унија (ИПУ), со поддршка од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).

    На отворањето ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, сенаторката од Мексико и претседателка на Бирото на жени парламентарки при ИПУ Синтија Лопез Кастро, претседателката на Клубот на пратенички Јована Тренчевска и претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Жаклина Пешевска.

    Во фокусот на дискусиите ќе бидат политичкото учество и лидерството на жените, родовите стереотипи и пречките со кои се соочуваат жените во политиката.

    Учесниците ќе разговараат и за дигиталното насилство, како и за начините и стратегиите за негово спречување и за надминување на општествените норми и стереотипи кои го ограничуваат учеството на жените во политичкиот живот.

    На двете сесии ќе се разгледуваат меѓународните, регионалните и националните механизми за постигнување родов паритет, со посебен осврт на состојбата и предизвиците во Северна Македонија.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Три панел-дискусии за европскиот пат на Македонија: Денеска 75. дијалог-сесија на НКЕУ-МК

    23.09.2026 во 08:11

    Од 9 часот ќе нема вода – Исклучување на неколку скопски улици

    23.09.2026 во 08:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.