Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република
    • Трајков во Брисел ја истакна целосната посветеност на Македонија на европскиот пат
    • Нов воен договор за Гренланд: САД добиваат поголем пристап, слобода на движење и нови одбранбени зони
    • 82-годишник почина по тепачка со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција
    • Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
    • Петрушевски: Средбите во Вашингтон се потврда за зацврстување на партнерството со САД
    • Пожарот во деловни простории во кругот на Железара е изгаснат
    • Димитриеска-Кочоска во Њујорк: Важно е Македонија да биде дел од глобалниот дијалог за политиките што ќе го обликуваат економскиот раст
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република

    Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република

    22.09.2026 во 21:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Чешката Република, Ирена Гецова. На средбата беше потврдено пријателството меѓу двете земји, коишто од 1994 година континуирано ги унапредуваат билатералните односи и го засилуваат партнерството во меѓународните институции и организации.

    Претседателката препознава потенцијал и можност за интензивирање на односите во економијата, со што се согласува и амбасадорката, посочувајќи ги областите на безбедноста, бизнисот и образованието како предизвик за поширока и подлабока соработка и поголема комуникација меѓу чешките и македонските граѓани.

    Сиљановска-Давкова изрази уверување дека плодното дипломатско искуство на амбасадорката Гецова, како и нејзиното одлично познавање на регионот ветуваат дека сме на прагот на отворање ново поглавје во македонско-чешките односи. 

    Таа се заблагодари за искрената и принципиелна поддршка на Чешката Република на нашиот долг и тежок пат кон Брисел.  

    Водена од актуелните геополитички предизвици, Сиљановска-Давкова ја акцентираше важноста од интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ, не само од географски, историски и културни причини, туку и како сигурна гаранција за европската безбедност, стабилност и отпорност на несакани и непредвидливи влијанија.

    Претседателката, исто така, укажа на правната, политичка и етичка неодржливост на толерирањето на непочитувањето на европските принципи и вредностите, утврдени во конститутивните акти на ЕУ од нејзини членки, наши соседи, иако подршката од нив би требало да биде најголема.

    Според неа, мора да се стави крај на неевропското блокирање на нашите преговори, односно на злоупотребата на ветото во функција на билатерализација на преговарачкиот процес, инспирирана од намерата за ревизија на историјата преку диктирање ирационални услови, врзани за оспорување на идентитетот на македонскиот, или било кој друг балкански народ.

    Сиљановска-Давкова, преку новоименуваната амбасадорка му упати покана на чешкиот претседател да нѐ посети.

    На крајот, на амбасадорката Гецова и посака добро здравје и успешно извршување  на благородната и одговорна функција што ја има.

    Прочитај повеќе

    Трајков во Брисел ја истакна целосната посветеност на Македонија на европскиот пат

    22.09.2026 во 21:14

    Петрушевски: Средбите во Вашингтон се потврда за зацврстување на партнерството со САД

    22.09.2026 во 20:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.