Во Њујорк остварив средба со претседателот на Владата на Република Словенија, Јанез Јанша. Разговаравме за европската перспектива на Македонија, за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу нашите две држави, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и регионот, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
-Македонија останува цврсто посветена на европската иднина и на реформите кои носат подобар живот за граѓаните. Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер, стои во објавата на премиерот Мицкоски.
Нагласува дека Словенија е наш долгогодишен пријател и важен партнер во Европската Унија и НАТО.

