Младиот пејач Горан Максимовиќ (26) загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 6:20 часот наутро во местото Слатина кај Шабац, додека две лица кои биле со него во возилото се итно префрлени во болница со тешки повреди, дознава Telegraf.rs.
Според првичните информации, несреќата се случила кога автомобилот под засега неутврдени околности со голема брзина излетал од патот, при што тројца патници останале заробени. Очевидци успеале да извлечат едно лице и да му помогнат пред да пристигнат спасувачите.
Противпожарната единица од Шабац пристигнала на местото за само 12 минути. Со користење на специјален хидрауличен алат, пожарникарите го сечеле смачканиот лим за да ги извлечат преостанатите две лица. И покрај напорите, лекарите можле само да ја констатираат смртта на Горан Максимовиќ, додека повредените се пренесени во Општата болница во Шабац. Сообраќајната полиција изврши увид, а истрагата за утврдување на причините е во тек.

