Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Центар прва општина со системски обуки за рана детска интервенција
    • Ќе лежи во затвор – МВР приведе лице барано со потерница
    • (ВИДЕО) Испливаа првите снимки од пукањето во Турција: Отишол на училиште со ловџиска пушка и отворил оган
    • МВР со засилени контроли: Над 10 илјади прекршоци за четири месеци
    • Нови можности за филмот и младите автори – Скопје гради нови партнерства за развој на филмската култура
    • Свечено отворање на Grand Casino Admiral Tetovo
    • Есенската агенда на Стопанската комора: Финансии, дигитализација и регионална соработка
    • Пукање пред училиште во Турција – повредени најмалку четири ученици
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Центар прва општина со системски обуки за рана детска интервенција

    Центар прва општина со системски обуки за рана детска интервенција

    22.09.2026 во 10:301 Min Read
    Општина Центар
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар, во соработка со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, е првата општина во државата што организирано спроведува обуки за воспитно-згрижувачкиот кадар и стручните служби во детските градинки, со фокус на раната детска интервенција.

    „Има голем интерес за оваа обука, која ја реализираат стручни лица во нашите градинки. Целта е вработените да создаваат поттикнувачка и поддржувачка средина за децата, навреме да ги препознаваат потешкотиите во нивниот развој и соодветно да ги информираат родителите, за да може навремено да се обезбеди потребната помош“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

    Преку проектот на СОРИД, наменет за деца до шестгодишна возраст, се обезбедува поддршка за рана интервенција, како и поддршка за семејствата. Родителите кои сакаат да се вклучат во програмата добиваат можност за индивидуална проценка на детето и потребите на семејството, по што се изработува Индивидуален семеен план за поддршка (ИСПП). Поддршката продолжува континуирано со вклучување на стручно лице.

    За родителите се достапни и дополнителни информации и совети преку платформата www.ranaintervencija.mk, која е поддржана од Општина Центар.

    Од Општина Центар посочуваат дека преку вложувањето во вакви проекти се зајакнува локалната социјална заштита и се создаваат подобри услови за раст, развој и благосостојба на децата и нивните семејства.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Ќе лежи во затвор – МВР приведе лице барано со потерница

    22.09.2026 во 10:18

    МВР со засилени контроли: Над 10 илјади прекршоци за четири месеци

    22.09.2026 во 10:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.