Без електрична енергија утрово и во текот на денот ќе останат делови од општините Бутел, Гази Баба и Кисела Вода.
Од 07:55 до 09:55 часот без струја ќе бидат дел од потрошувачите на улиците „Ѓорѓи Стојчевски“ и „Лазо Москов“ во општина Бутел.
Во периодот од 08:00 до 15:00 часот прекин на електричната енергија ќе има за дел од потрошувачите на улицата „Вила Анастасија“ во општина Гази Баба, меѓу кои и бензинската пумпа „Лукоил – Камник“, МЗТ – Агрома, Агросервис, Винарија „Камник“, ресторанот „Ла Тана“, техничкиот преглед „Цертус“, како и куќи на улицата „Вила Анастасија“.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), информацијата е добиена од ЕВН.
Во општина Кисела Вода, од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат делови од булеварот „Борис Трајковски“, во близина на ресторанот „Градина“ и „Кристина Дамил“.

