ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) во периодот од 13 до 20 септември отстрани 123 непрописно паркирани возила со помош на специјалните возила „пајак“.
Од претпријатието информираат дека возилата го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од ЈП ПОЦ најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на непрописно и несовесно паркираните возила на територијата на Општина Центар.
Целта, како што посочуваат, е зголемување на сообраќајната свест и унапредување на безбедноста во сообраќајот.

