Снимка од тепачка на Меѓународниот аеродром Скопје се појави на социјалната мрежа X.
Од снимката и досега објавените информации може да се потврди дека инцидентот се случил во просториите на аеродромот, а пресметката била жестока. Во еден момент од тепачката се гледа и како еден од учесниците фрла столица, додека останатите патници кои се нашле на аеродромот, гледаат зачудено.
На официјалните канали на Меѓународниот аеродром Скопје засега нема соопштение за инцидентот, ниту пак официјална информација од МВР.
Има ли обезбедување на аеродомов? https://t.co/2QmIVsc10r
— קרברוס (@KerberTheGreat) September 20, 2026

