Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Бобан Стефковски: Го направивме најголемиот роденден во историјата на Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:393 Mins Read
    President Donald J. Trump delivers remarks at Verst Logistics Manufacturing in Hebron, Kentucky on Wednesday, March 11, 2026. (Official White House Photo by Joyce N. Boghosian)
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По неколкумесечни тензии кои предизвикаа глобален геополитички потрес, САД и Кралството Данска постигнаа долгорочен договор за Гренланд. Вашингтон добива траен безбедносен пристап, право на прелетување и можност за развивање воени бази на островот, додека Данска целосно го задржува суверенитетот и територијалниот интегритет.

    Според договорот, кој следи по претходните најави за можна употреба на воена сила, американската војска наскоро ќе започне процес за воспоставување на значајна воена видливост на стратешките позиции на островот, вклучително и клучната вселенска база „Питуфик“ за предупредување од балистички ракети.

    Што носи новиот договор?

    • Трајна безбедност: САД добиваат траен безбедносен пристап и права за прелетување без разлика на идниот статус на Гренланд.
    • Заклучени врати за ривалите: Ниту една држава надвор од НАТО (вклучувајќи ги Кина и Русија) нема да може да воспостави база, воено присуство или да врши чувствителни инвестиции без писмена согласност од САД.
    • Зачуван суверенитет: Гренланд го задржува правото на самоопределување, Данска го задржува суверенитетот, а двете страни добиваат засилена безбедносна позиција на Арктикот.

    Претседателот на САД, Доналд Трамп, порача дека станува збор за „бесконечен“ договор кој е голема победа за сите сојузници.

    -Ова е „бесконечен“ договор, не постои крај. Веднаш ќе го започнеме процесот за воспоставуање на големо воено присуство на соодветен дел од Гренланд, а такви има многу. Ќе работиме со граѓаните на Гренланд на негово развивање и градење. Ова решение е голема за САД, Данска, Гренланд и сите наши сојузници. Дополнително, од сега па натаму, ниту еден непријател на САД никогаш нема да има база на Гренланд, нема да има воено присуство на Гренланд или да прави чувствителни инвестиции на Гренланд, без наша напишана согласност,- истакна Трамп на Трут соушл.

    Позитивни реакции пристигнаа и од Копенхаген. Премиерката Мете Фредерискен го оценил договорот како голем и позитивен чекор за заедничката безбедност, кој воопшто не го нарушува територијалниот интегритет. Локалните жители исто така изразија олеснување по период на неизвесност.

    -Беше навистина лоша ситуација за Данска и Гренланд, овој период кој е речиси една година, каде што навистина не знаевме што може да се случи, па навистина е добро што сега има договор и се надевам дека е добар договор и одржлив договор. Знаете со Трамп, денеска имате еден договор, утре можеби друг договор. Ќе биде потивко сега. Мислам дека САД веројатно ќе го добијат она што можеа да го добијат во целиот период ако прашаа пристојно. Па, во таа смисла, мислам дека ќе биде добро,- изјави граѓанин од Данска.

    Заштита на критичните минерали и геополитички мир

    Договорот треба официјално да биде потпишан наредната недела во Генералното собрание во Њујорк. Аналитичарите оцениваат дека главната цел на САД била обезбедување на сопствените инвестициски права на островот, особено кога станува збор за критичните минерали, со што се спречиле амбициите на другите светски сили.

    -Притисокот на САД врз Гренланд предизвика пукнатина помеѓу САД и доведе до прашања во Европа дали САД се сојузници, па затоа беше и голема работа кога претседателот започна да зборува за тоа, а јас зборував и со американски и со европски челници пред неколку минути и двете страни изгледаат среќно. Тој (Трамп) сакаше да ги обезбеди американските инвестициски права пред кинеските и руските инвестициски права кога станува збор за критични минерали, нешто што го обезбеди со овој договор,- изјави новинарот и аналитичар Ник Шифрин.

    Со ова решение, Гренланд добива поголема меѓународна „тежина“ и силна стратешка позиција, додека сојузничките тензии во рамките на НАТО се смируваат.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52

    Трамп нареди: Три медиумски куќи не смеат да и пристапат на Белата куќа

    19.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.