Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште
    • (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран
    • Вучиќ се сретна со Зеленски
    • Запреле „Мерцедес“ на автопат, а внатре пронашле 20 килограми дрога – Филмско апсење во Ниш
    • Апсење на скопскиот аеродром – скопјснец со муниција во рачниот багаж се обидел да излезе од државата
    • Нелегален ископ на песок во струмичко: Затекнати работници и возила без соодветна документација во река во Доброшинци
    • Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
    • Експлозија на шведски воен полигон: Неколку повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште

    Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште

    18.09.2026 во 18:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку шест ученици се убиени, а 17 други се повредени во вооружен инцидент што се случи денес во средно училиште на југот на Филипините, соопшти филипинскиот Оддел за социјална помош и развој, а пренесе Анадолу.

    Пукањето се случило во Националното средно училиште Банга во градот Банга, во покраината Јужен Котабато, а според информациите од GMA Network, се сомнева дека напаѓачот бил ученик и тој е меѓу загинатите. Наставата во целата област е итно прекината, додека надлежните институции работат на утврдување на околностите.

    „Наш непосреден приоритет е безбедноста и благосостојбата на нашите ученици, наставници и училишниот персонал“, соопштија од Министерството за образование, додавајќи дека на засегнатите ќе им биде обезбедена психолошка помош и поддршка за ментално здравје.

    Властите апелираа до јавноста да се воздржи од ширење непотврдени информации. Овој напад се случува еден месец по сличниот инцидент на Универзитетот Атенео де Замбоанга, додека мотивите за најновото крвопролевање сè уште не се познати.

    Прочитај повеќе

    Вучиќ се сретна со Зеленски

    18.09.2026 во 17:37

    Запреле „Мерцедес“ на автопат, а внатре пронашле 20 килограми дрога – Филмско апсење во Ниш

    18.09.2026 во 17:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.