Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација
    • Земјотреси ја потресоа Грција: Регистрирани два посилни потреси
    • МВР со акција на терен: Уапсени 14 возачи и сослушани двајца малолетници
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација

    Голема меѓународна акција: Спасени 147 деца жртви на сексуална експлоатација

    18.09.2026 во 16:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамките на 19-тата меѓународна работна група за идентификација на жртви на сексуална експлоатација на деца (VIDTF), организирана во седиштето на Европол во Хаг од 7 до 18 септември 2026 година, лоцирани се и спасени 147 деца ширум светот, изјави вицепремиерот и министер за внатрешни работи во технички мандат на Србија, Ивица Дачиќ.

    На акцијата учествуваа експерти од 28 земји, како и претставници на Европол и Интерпол, кои во текот на две недели анализираа 377 збирки податоци, фотографии и видеа.

    „Операцијата се одржа од 7 до 18 септември 2026 година во седиштето на Европол во Хаг и ги собра експертите од 28 земји, како и претставници на Европол и Интерпол. Во текот на две недели беа анализирани 377 збирки податоци, фотографии, видеа и други достапни информации“, изјави министерот Дачиќ.

    Дачиќ нагласи дека утврдувањето на идентитетот на жртвите е крајно сложен процес кој бара висока експертиза и меѓународна соработка.

    „Идентификацијата на жртвите е една од најсложените задачи во борбата против високотехнолошкиот криминал. Ваквите истраги бараат анализа на ситни детали, предмети, пејзажи и јазик, што бара високо ниво на експертиза, концентрација и емоционална отпорност“, рече тој, додавајќи дека МВР на Србија ќе продолжи со зајакнување на капацитетите за заштита на децата на интернет.

    Прочитај повеќе

    Земјотреси ја потресоа Грција: Регистрирани два посилни потреси

    18.09.2026 во 16:13

    Тачи: Ова е неправда ама останете мирни

    18.09.2026 во 14:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.