Поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој неделава беше осуден на 25 години затвор за воени злосторства, ги повика граѓаните на Косово да останат мирни, а неговата одбрана најави жалба на пресудата.
Пораката ја пренесе неговиот адвокат Лука Мишетиќ, кој тврди дека во текот на судењето биле направени правни, фактички и процесни грешки и дека била нарушена непристрасноста на постапката.
Одбраната посебно го оспорува заклучокот на судот за вмешаноста на Тачи во убиството на Бехајдин Алаќи и тврди дека дел од доказите врз кои се темели пресудата не биле достапни за јавноста. Тачи негира каква било вмешаност во убиствата.
Специјализираниот суд во Хаг го осуди Тачи на 25 години затвор, а со него за воени злосторства беа осудени и Кадри Весели на 18, Реџеп Селими на 13 и Јакуп Красниќи на 25 години затвор.

