ТАВ Македонија ја повлече одлуката со која бесплатниот пристап со едно возило во зоната „Hug & Fly“ на скопскиот аеродром беше ограничен на само еден влез во период од 24 часа.
Одлуката доаѓа откако Комисијата за заштита на конкуренцијата побарала дополнителни појаснувања и податоци за новиот режим на користење на зоната.
По барањето, ТАВ ја известил Комисијата дека ограничувањето е повлечено.
Од Комисијата ја поздравија одлуката и најавија дека ќе продолжат да ги следат условите за пристап до аеродромската инфраструктура, особено од аспект на еднакви и недискриминаторски услови за сите корисници.

