Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска и утре учествува на конференцијата на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови, која се одржува во Копенхаген, Данска.
Со конференцијата претседава претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне. На средбата учествуваат и врховниот командант на Сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Г. Гринкевич, како и врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандие, соопшти Генералштабот на Армијата.
На состанокот началниците на генералштабовите на земјите членки на Алијансата ќе разговараат за актуелните безбедносни предизвици и стратешките прашања од значење за НАТО.
Посебен акцент ќе биде ставен на спроведувањето на заклучоците од Самитот на НАТО одржан во Анкара.
Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови се состанува двапати годишно во седиштето на Алијансата во Брисел. Покрај тоа, еднаш годишно една од земјите членки е домаќин на Годишната конференција на Воениот комитет, која годинава се одржува во Данска.

