Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По предавањето на Бајрами – Продолжува судењето за „Државна лотарија“

    По предавањето на Бајрами – Продолжува судењето за „Државна лотарија“

    18.09.2026 во 08:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, откако првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија, минатата недела се предаде на македонските власти.

    Бајрами, кој претходно ја напушти земјава и за него беше распишана меѓународна потерница, на 9 септември сам се пријавил на граничниот премин „Блаце“. По предавањето бил спроведен во затворот во Скопје, каде што ја издржува мерката притвор што претходно му била определена.

    Во предметот, освен Бајрами, обвинети се и поранешниот вицепремиер Артан Груби, како и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

    Судењето започна минатата недела. На првото рочиште, обвинетите се изјаснија дека не се виновни. Бајрами тогаш не беше присутен бидејќи сè уште беше недостапен за органите на прогонот, додека Башким Авдиу побара обвинението да му биде доставено во писмена форма на албански јазик, наведувајќи дека не го разбира обвинението.

    Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски. Според обвинителниот акт, случајот се однесува на постапувања во периодот 2023-2024 година, при што обвинетите, според Обвинителството, ги пречекориле своите службени овластувања и предизвикале штета на Државна лотарија од 596.125.511 денари.

    На денешното рочиште се очекува процесот да продолжи со изведување на доказите и преземање на следните процесни дејствија.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.