Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски од Атлантскиот совет: Земјава ќе стане енергетска крстосница кон Централна Европа
    • Мицкоски од Атлантскиот совет: Имаме план и го остваруваме
    • Спречен терористички напад во Германија: Уапсен 24-годишник кој планирал масакр
    • Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени
    • Приведен 34-годишен скопјанец во Аеродром: Управувал со дрон без соодветна дозвола
    • Физичка пресметка за време на спортски натпревар во Аеродром – приведени двајца мажи
    • Инцидент во училишен двор во Скопје: Малолетник тешко повреден по физички напад од неколку врсници
    • Дедо од Кавадарци нашол паричник, ја извадил картичката па си пазарувал: Заработи кривична пријава
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски од Атлантскиот совет: Земјава ќе стане енергетска крстосница кон Централна Европа

    Мицкоски од Атлантскиот совет: Земјава ќе стане енергетска крстосница кон Централна Европа

    17.09.2026 во 19:462 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски, во ново интервју за Атлантскиот совет, истакна дека во мултилатералниот свет не смее да се бега од дијалогот дури и за најтешките прашања, порачувајќи дека вистинските патриоти не се предаваат. Во фокусот на разговорите беа и стратешките енергетски проекти, евроинтеграциите и соработката со САД.

    Осврнувајќи се на односите со соседите и европскиот пат, премиерот потврди дека владата останува посветена на дијалогот и на стратешкото партнерство со САД.

    „Ние не сме сами во светот. Во овој мултилатерален свет и демократско општество треба да разговараме, да комуницираме. Дури и ако комуницираме за тешки прашања, едноставно не можеме да се повлечеме од разговорите, бидејќи тогаш ќе испратиме многу погрешна порака и ќе се изолираме. Вистинските патриоти водат битки и победуваат во битки, не се предаваат и не се повлекуваат од битките. Ова е менталитетот и карактерот на оваа Влада: да ги води битките и да победи во битките. Јас никогаш немадa се предадам и никогаш нема да се повлечам од каков било разговор. Сосема спротивно – ќе продолжиме да разговараме и на крајот ќе победиме“, истакна Мицкоски.

    Тој нагласи дека земјата се потпира на три столба – инфраструктура, енергетика и вештачка интелигенција, најавувајќи дека интерконекторот со Грција за ЛНГ терминалите во Александрополис ќе биде готов во првата половина од следната година, со цел до крајот на 2028 година земјата да прерасне во значајна транзитна гасна маршрута кон Централна Европа. Мицкоски додаде дека паралелно се работи и на нов примарен дата-центар за подобрување на сајбер-безбедноста преку реформската агенда и европска поддршка.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски од Атлантскиот совет: Имаме план и го остваруваме

    17.09.2026 во 19:40

    Николовска до Ленче Ристоска: Бевте десна рака на Катица Јанева во СЈО, апсолутно ништо не испорачавте

    17.09.2026 во 12:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.