Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Доста ширите паника – пензискиот систем е стабилен
    • Без согласност од Владата отуѓил имот на Здравниот дом – Заработи кривична пријава
    • Палел сува трева во дворот, пожарот се проширил на рид – Македонската полиција го уапси
    • УХМР ги измери температурите во 11 часот: Уживајте во сонцето, следат заладување и дождови
    • Цариниците од денеска под камери: Телесните камери стартуваат на три гранични премини
    • Нови можности за уметниците: Скопје ја зајакнува соработката со европското културно семејство
    • OpenAI објави шест инциденти: Тестирањата открија, AI преземал чекори без дозвола од човек
    • Нов случај на семејно насилство во Македонија: Син го нападнал таткото
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Доста ширите паника – пензискиот систем е стабилен

    ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Доста ширите паника – пензискиот систем е стабилен

    17.09.2026 во 11:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пензионерите денес имаат конкретени резултати коишто се мерливи со бројки, а не со дневнополитички обвинувања и блед обид за  собирање на политички поени на СДС.

    За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    СДС нема кредибилитет да зборува за пензиите. Во првите 2 години од доаѓањето на СДС на власт, од јуни 2017 година до јуни 2019 година, Заев и Филипче пензиите ги зголемиле за 540 денари.

    Во време на СДС, над 200 илјади пензионери живееја со мизерни пензии под 14 илјади денари, а годишните зголемувања на пензиите беа околу 180 денари.

    Додека СДС зборува  за наводна финансиска нестабилност, фактите покажуваат дека пензиите продолжуваат да се исплаќаат навремено и дека државата обезбедува средства за ефикасно функционирање на пензискиот систем.

    Лицемерно е денес СДС да создава паника кај пензионерите, кога СДС со години не успеваа да обезбедат зголемувања, што реално ќе го подобрат нивниот животен стандард.

    Пензискиот систем не функционира така што пензиите зависат само од тековните придонеси. Како и во голем број европски држави, кога е потребно, државниот Буџет обезбедува средства за исплата на пензиите.

    СДС да не се грижат, пензискиот фонд е стабилен.

    Затоа, наместо ширење страв и политички конструкции, од СДС треба да се соочат со фактите и да ги прашаат пензионерите како живеат денес, а како во 7-те години владеење на СДС и ДУИ.

    Денес, со Владата на ВМРО-ДПМНЕ  пензиите се зголемени, исплатата е редовна, а државата ги обезбедува потребните средства за пензионерите.

    Пензионерите заслужуваат сигурност и достоинствен живот, а не политички игри на СДС со нивната егзистенција, додаваат од владејачката партија во соопштение испратено до медиумите.

    Прочитај повеќе

    ЛДП: Со 4 денари за килограм, производството на јаболко не е исплатливо

    17.09.2026 во 10:05

    ВМРО-ДПМНЕ: Времето на недопирливите моќници во правосудството мора да заврши

    17.09.2026 во 10:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.