Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови можности за уметниците: Скопје ја зајакнува соработката со европското културно семејство
    • OpenAI објави шест инциденти: AI преземал чекори без дозвола од човек
    • Нов случај на семејно насилство во Македонија: Син го нападнал таткото
    • Хороскоп за 17 септември: Некому му се отвора нова можност, друг треба да биде внимателен со парите
    • Пад на цената на нафтата на светските берзи: Брентот и WTI во црвено
    • ЛДП: Со 4 денари за килограм, производството на јаболко не е исплатливо
    • ВМРО-ДПМНЕ: Времето на недопирливите моќници во правосудството мора да заврши
    • „По трагедијата се смени, не беше истиот, почнавме да се плашиме од него” – Морничави детали за Петар кој го уби својот долгогодишен пријател во Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нови можности за уметниците: Скопје ја зајакнува соработката со европското културно семејство

    Нови можности за уметниците: Скопје ја зајакнува соработката со европското културно семејство

    17.09.2026 во 10:591 Min Read
    Орце Ѓорѓиевски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје ја зајакнува својата поврзаност со европското семејство на културата! Ова на Фејсбук го напиша градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

    -Потпишан е Договорот за соработка меѓу Нова Горица – Горица 2025 и Фондацијата Скопје 2028, со кој отвораме нови можности за нашите уметници, културни институции, независната сцена и младите.

    Со ова партнерство создаваме основа за заеднички културни проекти, поврзување на фестивали, размена на знаења и искуства и подготовка на заеднички апликации за европски фондови.

    Искуството на GO!2025 е особено значајно за подготовките на Скопје за титулата Европска престолнина на културата во 2028 година.

    Како градоначалник, се залагам меѓународната соработка да донесе конкретни придобивки за нашите граѓани, како повеќе можности за творештво, поголема видливост на нашата култура и партнерства што ќе продолжат и по 2028 година.

    Благодарност до градоначалникот Само Турел, директорката на GO!2025, Мија Лорбек, и тимот на Фондацијата „Скопје 2028“, предводен од Марјан Цветковски, за заедничката посветеност.

    Градиме Скопје кое преку својата култура, различност и креативност активно придонесува кон европската културна приказна, напиша Ѓорѓиевски.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    OpenAI објави шест инциденти: AI преземал чекори без дозвола од човек

    17.09.2026 во 10:55

    Нов случај на семејно насилство во Македонија: Син го нападнал таткото

    17.09.2026 во 10:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.