Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: „Законот не се бира по нација“
    • Ниски утрински температури, УХМР најавува промена – Скопје меѓу најтоплите градови со само 15 степени
    • Административните услуги поблиску до граѓаните: Нов центар во Гази Баба
    • Нема вода од 8 часот – Водовод најави исклучувања во скопска општина
    • Позитивни вести од ЦУК: Нема активни пожари
    • 30 години „Скорпии“: Свеченост во касарната „Јане Сандански“
    • Телесни камери за цариниците: Нов систем за поголема транспарентност на границите
    • „Молкот на управата“ и натаму проблем: 438 жалби за недостапни информации во 2025
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: „Законот не се бира по нација“

    СДСМ: „Законот не се бира по нација“

    17.09.2026 во 08:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат, порача СДСМ во реакција на првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг, со која Хашим Тачи и уште тројца обвинети се прогласени за виновни за воени злосторства.

    Од партијата посочуваат дека има можност за жалба и оти судскиот процес сè уште не е завршен. Сепак, како што наведуваат, принципот мора да биде ист – судските одлуки да се почитуваат и да не се поттикнуваат тензии и поделби.

    „СДСМ не се меша во работата на судот. Не кроиме пресуда според коалиција, нација или моментален интерес. Ако судот донел одлука за некој дека е виновен – тогаш тоа треба да се прифати, додека повисок суд не каже друго“, се наведува во соопштението.

    Од СДСМ додаваат дека Хашкиот трибунал судел и во случајот со Ратко Младиќ, кога, како што велат, ставот бил дека пресудата мора да се почитува.

    Во реакцијата се критикуваат и изјавите на претседателот на Собранието, Африм Гаши, кои од СДСМ ги оценуваат како несоодветни. Според партијата, не станува збор за пресуда против албанскиот народ или против правото на Косово на слобода, туку за судска одлука за поединци.

    „Законот не се бира по нација“, порачуваат од СДСМ, додавајќи дека истиот принцип треба да важи и во Северна Македонија.

    Од партијата истакнуваат дека во земјава, според нив, има мешање во работата на судството и обвинителството и политички притисоци врз правосудството, повикувајќи се и на наводи во извештаите на Европската комисија.

    „СДСМ ќе ја почитува одлуката на судот и ќе повторува едно: никој не е над законот. Ни таму. Ни тука“, се наведува во соопштението.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Ниски утрински температури, УХМР најавува промена – Скопје меѓу најтоплите градови со само 15 степени

    17.09.2026 во 08:18

    Административните услуги поблиску до граѓаните: Нов центар во Гази Баба

    17.09.2026 во 08:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.