УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија во осум часот утринава. Рано наутро најниска температура е измерена во Берово, 10 степени, по што следи Крива Паланка со 11 и Битола со 12 степени.
Најтопло утрово во осум часот е во Скопје со измерени 15 степени, како и Гевгелија, Демир Капија и Ѓуриште и Тополчани, каде е измерена истата температура.
Денеска времето ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 8 до 16 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, додека максималната ќе достигне 31 степен.

Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), стабилно време ќе се задржи до сабота. Во недела се очекуваат повремени врнежи од дожд, а наместа ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник.
Од вторник, поради продор на постуден воздух од север, дневните температури ќе опаднат.

