Системот на телесни камери за царинските службеници денеска официјално ќе биде промовиран на граничниот премин Табановце.
Камерите се обезбедени како донација преку Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Кривичниот оддел при Министерството за правда на САД.
На промоцијата ќе се обратат директорот на Царинската управа Бобан Николовски, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и вршителот на должност амбасадор на САД во земјава Никол Варнс.
Воведувањето на телесните камери е дел од мерките за зајакнување на транспарентноста, интегритетот и професионалните стандарди во работата на царинските службеници.

