Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Мајка ми ме нападна со тврд предмет – Скопјанка се јавила во полиција

    14.09.2026 во 23:49

    Пресметка: Колку ќе ве чини да си платите една година стаж за да одите во пензија

    15.09.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поднесено обвинение за инцидентот кај бугарската амбасада: Со бензин ги запалил возилата на дипломатите
    • Јаневска: Нема криење на бодовите за студентските домови, ранг-листите се транспарентни
    • (ФОТО) Нов сообраќаен режим во Мичурин и Стар Аеродром: Се воведуваат еднонасочни улици и над 400 нови паркинг-места
    • Млада девојка од Кичево кривично ќе се гони – фрлала марихуана низ прозорец од „мерцедес“ при полициска контрола
    • Малолетник со мотоцикл удрил 3-годишно дете во Велес
    • Вознемирен скопјанец се јавил во полиција: Сопругата ме претепа, па ми се закани со остар предмет
    • Избегната трагедија во Скопје – Се запали автобус на ЈСП додека превезувал патници
    • „Жена влезе со нож и ни се закани“ – Хорор во продажен објект во Радишани
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Поднесено обвинение за инцидентот кај бугарската амбасада: Со бензин ги запалил возилата на дипломатите

    Поднесено обвинение за инцидентот кај бугарската амбасада: Со бензин ги запалил возилата на дипломатите

    16.09.2026 во 14:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Загрозување лица под меѓународна заштита.

    „На обвинетиот му се става на товар дека на 15 јуни годинава, околу 12:05 часот, пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, со предизвикување пожар создал значителна опасност за животот и телото на лица под меѓународноправна заштита.

    Според дејствијата опишани во обвинението, обвинетиот претходно на бензинска пумпа во непосредна близина на Амбасадата наполнил пластично шише со бензин и се упатил кон објектот. Откако се доближил до паркираните возила што ги користеле военото аташе на Република Бугарија и други вработени во Амбасадата, ги полеал со бензинот и ги запалил, по што веднаш го напуштил местото на настанот.

    Заедно со Обвинителниот акт, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, оценувајќи дека и натаму постојат причините поради кои мерката била определена и продолжувана.

    Според обвинителството, околностите укажуваат на опасност обвинетиот да стане недостапен за органите на прогонот и со тоа да го попречи водењето на кривичната постапка. При предлагањето на мерката предвид се земени и висината на казната пропишана за кривичното дело, како и природата на дејствијата што му се ставаат на товар, насочени кон сигурноста и правата на лица под меѓународноправна заштита, вклучително и дипломатски претставници.

    Согласно одредбите од Кривичниот законик, за кривичното дело што му се става на товар на обвинетиот е пропишана казна затвор од најмалку една година“, соопшти ОЈО.

    Прочитај повеќе

    Млада девојка од Кичево кривично ќе се гони – фрлала марихуана низ прозорец од „мерцедес“ при полициска контрола

    16.09.2026 во 13:34

    Малолетник со мотоцикл удрил 3-годишно дете во Велес

    16.09.2026 во 13:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.