Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тошковски: Намалени убиствата, разбојништвата и тешките кражби, но расте семејното насилство

    Тошковски: Намалени убиствата, разбојништвата и тешките кражби, но расте семејното насилство

    16.09.2026 во 09:463 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување во централниот Дневник на Македонската радио телевизија, зборуваше за актуелната безбедносна состојба, истрагата за убиството во Чаир и движењето на криминалитетот во првите осум месеци од 2026 година.

    Во врска со убиството во Чаир, Тошковски информираше дека истрагата продолжува и дека се расчистуваат околностите поврзани со еден од двајцата осомничени, меѓу кои и прашањето зошто лицето во моментот на извршувањето на делото било на слобода.

    Министерот посочи дека во оваа фаза не може да открива повеќе детали за случајот, но очекува осомничените наскоро да бидат лишени од слобода. Тој потсети дека и во претходни случаи на тешки кривични дела осомничените биле пронајдени и против нив биле преземени соодветни мерки.

    Говорејќи за безбедноста на граѓаните, Тошковски нагласи дека состојбата треба да се анализира преку конкретни податоци и споредби, а не само врз основа на одделни инциденти.

    „Прашањето дали македонските граѓани се безбедни е легитимно. Слободно можам да кажам да, но сепак станува збор за едно комплексно прашање. Истото не би можеле да го толкуваме надвор од она коешто би требало да бидат бројки, статистика и реалност“, рече Тошковски.

    Според податоците што ги презентираше, во периодот јануари-август 2026 година има намалување кај повеќе категории тешки кривични дела во споредба со истиот период минатата година.

    Бројот на убиства е намален од 19 на 12, што претставува пад од околу 37 проценти. Регистрирани се 13 сторители, во споредба со 26 во истиот период во 2025 година, додека бројот на жртви е намален од 20 на 12, односно за околу 40 проценти.

    Кај обидите за убиство е забележано намалување од околу 65 проценти. Разбојништвата се намалени за околу 40 проценти, додека тешките кражби бележат пад од приближно 30 проценти.

    „Слободно можам да оценам дека имаме намалување на бројот на кривични дела од овој тип на насилен криминалитет. Кога би говореле за разбојништва, имаме намалување за околу 40 проценти, а кога би говореле за тешки кражби, имаме намалување за околу 30 проценти“, посочи министерот.

    Тошковски рече дека статистичките показатели покажуваат намалување кај насилниот и имотниот криминалитет, но истовремено посочи дека има категории кривични дела кај кои е регистриран пораст.

    Меѓу нив е семејното насилство. Според Тошковски, зголемениот број пријавени случаи делумно се должи и на поголемата охрабреност на граѓаните да го пријавуваат овој вид насилство.

    Тој го истакна и променетиот пристап во постапувањето, наведувајќи дека во Скопје е обезбедена достапност на дежурен судија кој може веднаш да постапува по барањата на Министерството за внатрешни работи.

    Пораст е регистриран и кај кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Во првите осум месеци од 2026 година се евидентирани околу 2.200 вакви кривични дела, што е околу седум пати повеќе во споредба со истиот период лани.

    Тошковски објасни дека зголемениот број е поврзан со измените на Кривичниот законик, но и со примената на системот „Безбеден град“, кој овозможува откривање и регистрирање на ваквите прекршоци и кривични дела.

    „Го имаме ‘Безбеден град’, којшто ни помага и тоа како во овој дел на детекција на кривичните дела, и заради тоа имаме драстично зголемување на бројот на кривични дела, седум пати повеќе од истиот период лани“, истакна Тошковски.

    Министерот нагласи дека при анализата на криминалитетот, покрај статистиката, треба да се земат предвид и промените во законската регулатива, како и начинот на кој кривичните дела се откриваат и евидентираат.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.