Close Menu
Press24
    Најново

    Штипјанка ги пријавила синовите во полиција: Психички и физички ме малтретираат

    02.11.2026 во 16:47

    Апсења во Скопје

    02.11.2026 во 16:43

    Тажна вест: Почина Самка Ибраимовски

    02.11.2026 во 16:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Штипјанка ги пријавила синовите во полиција: Психички и физички ме малтретираат
    • Апсења во Скопје
    • Тажна вест: Почина Самка Ибраимовски
    • УХМР: Измерени 2 степени во 16 часот во Македонија
    • Авион на „Визер“ вондредно слета во Будимпешта по дојава за бомба
    • Владина делегација предводена од Мицкоски на средба со раководството на Дојче Телеком – се разговараше за нови инвестиции и дигитализација
    • Клековски: 24.000 лица со деменција во Македонија, а до 2050 година бројката може тројно да се зголеми – се разгледуваат нови терапии
    • Ѓорѓиевски: Ветивме и исполнуваме, пристигна првата пратка бесплатни униформи за сите ученици од прва година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина

    Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина

    15.09.2026 во 22:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска го повика Иран да престане со дестабилизирачките активности во регионот, да не го проширува конфликтот во Ирак преку своите посредници и веднаш да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина.

    За време на заедничката прес-конференција со ирачкиот премиер Али ал-Заиди во Берлин, Мерц истакна дека двајцата лидери разговарале за случувањата во регионот, вклучително и за влијанието на војната меѓу САД и Иран.

    – Поддршката на Техеран за посредниците низ регионот мора да престане. Секојдневно ги гледаме последиците; исто така го повикуваме Иран да не го проширува конфликтот понатаму во Ирак – рече Мерц. Тој додаде дека Иран конечно мора да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина и пред сè да ја запре својата воена нуклеарна програма, нагласувајќи дека Берлин ги поддржува напорите на ирачката vлада за разоружување на милициите поддржани од Техеран.

    Германскиот канцелар и ирачкиот премиер го разгледаа и влошувањето на безбедносната состојба во Црвеното Море, каде што Хутите ја проширија контролата долж јеменскиот брег, го зазедоа островот Мајун во близина на протокот Баб ел Мандеб и напаѓаат енергетски објекти во Саудиска Арабија. Мерц предупреди дека меѓународната заедница не може да дозволи Хутите да го држат поморскиот сообраќај како заложник, додавајќи дека во рамки на Европската Унија и со регионалните партнери се разгледува каков придонес може да се даде за ставање крај на конфликтот.

    Во однос на германската воена советодавна и обучувачка мисија во Ирак, Мерц потврди дека таа завршува на 30 септември на барање на Ирак, но нагласи дека Берлин останува подготвен за продолжување на воената соработка и идна поддршка согласно желбите на властите во Багдад.

    Прочитај повеќе

    Авион на „Визер“ вондредно слета во Будимпешта по дојава за бомба

    02.11.2026 во 16:21

    Приведен Давор Мацура: Полицијата ги претресуваше просториите на АЛТА банка повеќе од 30 часа

    02.11.2026 во 11:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.