Close Menu
Press24
    Најново

    Финска девет години последователно најсреќна држава во светот

    19.03.2026 во 23:41

    Мисајловски: Секоја членка на НАТО мора сè повеќе и повеќе да вложува во модернизација одбраната 

    19.03.2026 во 23:08

    Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми

    19.03.2026 во 22:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Финска девет години последователно најсреќна држава во светот
    • Мисајловски: Секоја членка на НАТО мора сè повеќе и повеќе да вложува во модернизација одбраната 
    • Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми
    • Мисајловски за војната во Иран: Безбедносната ситуација кај нас е стабилна
    • За акцијата стигна потврда и од МВР: Се апси за коруптивни дела
    • Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените
    • ОЈО ГОКК се огласи по апсењето на актуелен директор
    • Фокус: Уапсен директор на Државен инспекторат – го фатиле со мито од 50.000 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: Лицемерната СДС ги спречува реформите во судството и обвинителството

    Лефков: Лицемерната СДС ги спречува реформите во судството и обвинителството

    24.09.2025 во 19:363 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Миле Лефков, пратеник во Собранието и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа. Тој зборуваше на темата за правосудството во земјава и истакна дека граѓаните имаат јасен и цврст став, а ги спомена и истражувањата на „Транспаренси интернешнл“ кои покажуваат дека корупцијата не се манифестира само во големите случаи, кои се и медиумски експонирани туку и во секојдневните постапки во основните судови, каде ја чувствуваат неправдата. Лефков додаде дека СДС со години ги блокира промените во правосудниот систем, и јак користи политиката како алатка за манипулација со човечката болка.

    „Кога се обидувате класичен демиџ менаџмент, кога се обидувате да ја намалите штетата, само ќе најдете еден да одговара и притоа и одговорноста ќе ја сведат на минимум. За таков скандал имате условни казни. Прашањето е: Зошто служат казните во Македонија?“, кажа Лефков и додаде:

    „Оценската мисија има 40 препораки за Судскиот совет. Една од нив е намалување на нивниот мандат. Препораките на ГРЕКО тоа е здружение на земји членки на Советот на Европа, коишто се за борба против корупцијата. Препораките предвидуваат заострување на казните и во Законот за спречување на корупција и судир на интереси, и казните во Кривичниот законик којшто се однесуваат за злоупотреба на службена положба“.

    Лефков истакна дека ставот на граѓаните во Македонија за правосудството е јасен и додаде дека граѓаните можат да перцепираат длабоки проблеми со корупцијата. Тој ги потенцираше истражувањата на „Транспаренси интернешнл“, за кои кажа дека покажуваат дека проблемот е системски и се протега од највисоките нивоа до најобичните предмети.

    „Македонските граѓани се добро се запознаени со македонското судство. Има истражувања, како што е на пример на ,,Транспаренси интернешнл“, коишто се впуштаат во подетална анализа и зборуваат за корупција во имотни спорови, во граѓански судови, во основни судови и корупцијата ја разложуваат до наједноставните и најсекојдневните судски случаи коишто ни се случуваат. Нашите граѓани преку лично искуство ги знаат оние капиларни проблеми коишто секојдневно ги гледаат и ги перципираат како неправда, се до овие големи случаи коишто нормално ги следат на медиумите“, вели Лефков.

    Според него, опозициската СДС наместо да се посвети на вистинските реформи во судството и на прашања од јавен интерес, во изминатите 15 месеци спроведува политика базирана на замена на тези и манипулација со емоциите на граѓаните, а притоа не се занимава со темите кои се од јавен интерес.

    „На врвот на сето тоа ја имаме лицемерната СДС, која што ги спречува реформите во судството, а притоа во сите свои објави до сега во 15 месеци не прави ништо друго, туку игра само со емоциите на граѓаните. Нема професионалност во ниту една објава, секогаш има замена на тези и секогаш има игра или експлоатација на човечка болка. Тоа не е политика, тоа не е начин да се води политика. Ако барем малку ја научија лекцијата, ќе имавме барем опозиција којашто ќе имаше барем некое корисно решение или некој корисен предлог во насока на подобрување на овие процеси“, заклучи Лефков.

    Популарно

    Финска девет години последователно најсреќна држава во светот

    19.03.2026 во 23:41

    Мисајловски: Секоја членка на НАТО мора сè повеќе и повеќе да вложува во модернизација одбраната 

    19.03.2026 во 23:08

    Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми

    19.03.2026 во 22:46

    Мисајловски за војната во Иран: Безбедносната ситуација кај нас е стабилна

    19.03.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.