Околу 100 за секој месец ќе ве чини откупот на стаж по најавените измени кои веќе се во владина процедура. Како што вчера објасни министерот за социјална политика Ѓоко Велковски во 360, граѓаните на кои им фали најмногу до 2 години стаж ќе треба да ги платат придонесите за пензиско врз основа на пресметка во која се зема половина од просечната плата исплатена минатата година.
Ако се има предвид дека ланската просечна плата надмина 45.000 денари, придонесите за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од речи си 19% би надминале 12.000 денари. Половина од тоа е нешто над 6.000 денари.
Па така, секој месец стаж кој ви недостига до 2 години би ве чинел малку повеќе од 100 евра. Оние на кои им недостигат цели две години би платиле околу 2.500 евра и би добиле можност да го остварат правото на пензија.
- Еден месец стаж ќе ве чини 100 евра – ако ви фалат 2 години околу 2.500 евра
- Драма во Тетово: Татко пријавил во полиција дека неговиот син е исчезнат откако добил сериозни закани и барања за пари и возила поради деловен простор
- Штерјова: Обвинителството да отвори истрага за трошењето 5,5 милиони евра за лотото и прославата
- Точеле алкохол на малолетници на плажа во Охрид – едно лице и правен субјект заработија кривични пријави
- Градоначалникот на Струга заработи кривична – незаконски именувал в.д. директор
- Трагедија кај Струга: Маж почина по паѓање во ископ за бунар
- Кузеска: 18 месеци нема правда за трагедијата во Кочани, судството е под контрола на власта
- Манасиевски: Кога трагата води кон СДС и ДУИ, инсталациите во правосудството ја ставаат правдата во втор план

