Борбен авион на НАТО во текот на ноќта соборил беспилотно летало кај Каунас, вториот по големина град во Литванија, соопшти литванскиот Национален центар за управување со кризи.
Според првичните податоци од портпаролот на центарот, дронот најверојатно влегол од територијата на Белорусија. Засега не е познато чие било леталото, а надлежните најавуваат утврдување на сопственоста.
Инцидентот се случил по претходно издадено предупредување за појава на дрон кое важеше за главниот град Вилнус и околниот регион. Истрагата за околностите продолжува.

