Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Песков: Трамп го принудува светот да купува скапа американска нафта

    Песков: Трамп го принудува светот да купува скапа американска нафта

    24.09.2025 во 18:313 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп е „бизнисмен кој се обидува да го принуди светот да купува скапа американска нафта и течен гас“.

    – Претседателот Трамп никогаш не ја криел својата намера да ги обезбеди економските интереси на Америка. Најлесен начин е да го принуди целиот свет да купува американска нафта и течен природен гас по повисоки цени, изјави Песков во интервју за руската радио станица РБК.

    Тој тврди, како што пренесува Анадолија, дека Трамп ги остварува своите цели избегнувајќи комплицирани дипломатски тактики, а наместо тоа користи директен економски притисок. Песков, исто така, тврди дека САД во голема мера успеале во оваа намера.

    – Американците успеаја да ги натераат Европејците да купуваат енергетски ресурси по надуени цени. Во голема мера успеаја. Многу европски држави прибегнаа кон купување течен природен гас по зголемени цени. Тоа им наметна дополнителен товар на нивните буџети и, следствено, ги оптовари џебовите на даночните обврзници, рече тој.

    Песков додаде дека тоа довело до голема непријатност, наведувајќи го примерот на Германија. – Кога Германците и Баварците почнаа да добиваат двојно поголеми сметки за струја, почнаа да се чувствуваат непријатно и тоа не им се допаѓа, оцени портпаролот..

    – Ова не се однесува само на Германија, туку општо на речиси сите (Европејци), иако можеби помалку на Франција, бидејќи најголемиот дел од производството на енергија доаѓа од нуклеарни извори. Но, сите други земји во голема мера зависат од нафтата и гасот, истакна Песков.

    Како одговор на овие пазарни промени, според Песков,Русија успешно ги пренасочила своите енергетски текови кон алтернативни пазари. – Потпишавме невиден договор со Кина, пресметан за многу години однапред. Не само што обезбедува добар извозен потенцијал за нашата релевантна компанија, туку служи и како силен двигател за развојот на сите региони по должината на Русија, истакна Песков..

    Тој нагласи дека Европа престанува да биде премиум пазар за руската енергија. – Премиум пазари стануваат оние на Исток, а кој знае, можеби наскоро ќе се појават и некои други региони, овој процес е неизбежен, додаде Песков.

    Зборувајќи за спортот, Песков изјави дека политизираниот третман на руските спортисти сè уште постои. На прашањето за пристапот до меѓународните настани, тој рече дека е многу важно руските спортски органи да одржуваат дијалог со МОК (Меѓународниот олимписки комитет). – Да, не се согласуваме со ставот на МОК. Веруваме дека политичката пристрасност кон нас сè уште постои, двојните стандарди сè уште постојат, концентрираните двојни стандарди сè уште постојат.  Сепак, додаде дека ова несогласување не е причина за прекин на врските. – Но, тоа не значи дека треба да се лутиме, да се свртиме и да кажеме дека целосно ја прекинуваме комуникацијата, рече тој.

    Песков заклучи дека изборот во врска со учеството под неутрално знаме мора да им остане на самите спортисти.

    Прочитај повеќе

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17

    Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

    28.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.