Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – бензинот ќе оди над 100, дизелот ќе поевтини

    14.09.2026 во 09:50

    Регулаторна одлучи: Од полноќ дизелот станува поевтин од бензинот

    14.09.2026 во 13:24

    Авион се урна во Германија – има загинати

    14.09.2026 во 17:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нелоска: Кога се жените вклучени во политиката секогаш има поголем фокус на аспектите
    • Кочоска: Флексибилност во политиката да, во вредностите не
    • Хорор на плажа: Ајкула нападна пожарникар на Гленфилд
    • Ивановска: Ние жените не треба да бидеме присутни кога се носат одлуки, ние треба да бидеме креатори на одлуки
    • Богева Мицовска: Политичкото присуство е одговорност и решение, а не само функција и состанок
    • Клековски во Љубљана на увид во словенечкиот модел на итна медицинска помош
    • Шутиноска Лазаревска: Демократијата не се гради само со зборови, туку со преземање одговорност
    • Вучиќ најави оставка на 27 септември и порача: Мене ми наредуваат граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нелоска: Кога се жените вклучени во политиката секогаш има поголем фокус на аспектите

    Нелоска: Кога се жените вклучени во политиката секогаш има поголем фокус на аспектите

    14.09.2026 во 22:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната панел-дискусија „Повеќе учество – Повеќе демократија“,  во организација на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати Ленче Нелоска потпретседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ која истакна дека зголеменото учество на жените во политичкиот и демократскиот живот е од особено значење за креирањето политики кои одговараат на потребите на граѓаните.

    „Учеството на жените во демократијата е клучен елемент во фундаментот на демократијата, се подразбира дека мора да има подеднакво учество и да се слушне подеднакво секој еден глас за да можеме и како политика и како партија да одговориме на барањата на популацијата, кога се жените вклучени во политиката секогаш има поголем фокус на аспектите како што се социјална заштита и грижа на деца, здравство и репродуктивно здравје“, рече Нелоска и додаде:

    „Бројни истражувања потврдуваат дека во земјите каде што жените се активно вклучени во економскиот и политичкиот живот имаат подобри и постабилни економии, исто така колку е поголемо учеството на жените во јавниот живот толку е пониско и нивото на корупција. ВМРО-ДПМНЕ секогаш носи стратешки и системски измени, во 2002 година за прв пат донесе измена во Изборниот законик каде што 30% жени беа задолжителни да бидат на избирачките листи а во 2015 повторно се направи измена и овој процент е 40 во моментов, со ова се обезбедува првиот чекор кон праведност и еднаквост со што е обезбеден демократски легитимитет“.

    Прочитај повеќе

    Кочоска: Флексибилност во политиката да, во вредностите не

    14.09.2026 во 21:54

    Ивановска: Ние жените не треба да бидеме присутни кога се носат одлуки, ние треба да бидеме креатори на одлуки

    14.09.2026 во 21:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.