Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – бензинот ќе оди над 100, дизелот ќе поевтини

    14.09.2026 во 09:50

    Регулаторна одлучи: Од полноќ дизелот станува поевтин од бензинот

    14.09.2026 во 13:24

    СДСМ: Мицкоскси штом ќе зине – лаже

    14.09.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика
    • Филипче: Нема ни трага од 5 -те милиони евра во „Отворени финансии“ – Обвинителството да го следи текот на парите
    • Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија за над 6.800 денари, 12,6 пати е разликата со Владата на СДСМ и ДУИ
    • Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%
    • Филипче: Ќе ја вратиме власта и граѓаните ќе живеат подобро
    • Ако сте на боледување, ќе може да ви дојде контрола на домашна адреса – ФЗОМ предлага нови измени за намалување на злоупотреби
    • Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра
    • Порано тоа беше нормално – трет пат бензинот поскап од дизелот од почетокот на кризата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика

    Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика

    14.09.2026 во 15:112 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судијката на Уставниот суд, проф. д-р Ана Павловска-Данева, денеска учествуваше на конференцијата посветана на „Основни принципи на правото врз примерот на Основниот закон на Сојузна Република Германија и Уставот на Република Северна Македонија“. Настанот е организиран по повод основањето на Центарот за германско право при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

    Во рамки на конференцијата, проф. д-р Павловска-Данева имаше излагање на темата „Улогата на Уставниот суд на Република Северна Македонија во заштитата на човековите права и демократскиот политички поредок“. 

    Таа го истакна значењето на интерпретативните одлуки на уставните судови во европските држави, особено на Сојузниот Уставен суд на Германија, Уставниот суд на Италија, но и оние во регионов како уставните судови на Хрватска и Србија и изрази уверување дека  Уставниот суд  на Република Северна Македонија почнува (иако срамежливо) да чекори по патот на уставно-судската пракса во поразвиените демократии. 

    Павловска-Данева посочи на неколку одлуки на македонскиот Уставен суд со кои се прави толкување на законските одредби во насока на тоа како тие треба да се читаат и применуваат од страна на редовните судови, а особено од страна на Законодавецот и извршната власт. 

    После излагањата на двајцата претставници од македонскиот и германскиот суд, се разви дебата во која судијата Павловска-Данева ја потенцираше транспарентноста на Уставниот суд  и одличната соработка со медиумите за кои кажа дека се најревносните (покрај професорите по уставно право) следачи и аналитичари на работата на Уставниот суд. 

    Присутните го поддржаа зголемениот активитет на македонскиот Уставен суд.

    На настанот се обрати и проф. д-р Удо Штајнер, поранешен судија на Сојузниот уставен суд на Сојузна Република Германија, кој говореше за основните принципи на правото преку примерот на т.н. „клаузула за вечност“ во германскиот Основен закон.

    На конференцијата присуствуваа амбасадорката на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер, претставници на Германската фондација за меѓународна правна соработка(ИРЗ), деканот и професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“, како и судии и советници од Уставниот суд.

    Настанот отвори простор за суштинска размена на искуства и правни перспективи за улогата на уставните судови како чувари на човековите права, демократскиот поредок и темелните уставни вредности, со посебен осврт на германското и македонското уставно-правно искуство. 

    Прочитај повеќе

    Филипче: Нема ни трага од 5 -те милиони евра во „Отворени финансии“ – Обвинителството да го следи текот на парите

    14.09.2026 во 14:56

    Мицкоски: Оваа Влада за две години ја зголеми просечната старосна пензија за над 6.800 денари, 12,6 пати е разликата со Владата на СДСМ и ДУИ

    14.09.2026 во 14:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.