Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – бензинот ќе оди над 100, дизелот ќе поевтини

    14.09.2026 во 09:50

    Регулаторна одлучи: Од полноќ дизелот станува поевтин од бензинот

    14.09.2026 во 13:24

    СДСМ: Мицкоскси штом ќе зине – лаже

    14.09.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ако сте на боледување, ќе може да ви дојде контрола на домашна адреса – ФЗОМ предлага нови измени за намалување на злоупотреби
    • Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра
    • Порано тоа беше нормално – трет пат бензинот поскап од дизелот од почетокот на кризата
    • Пензионер со сузуки прегази 56-годишна скопјанка
    • Николоски: Државите кои инвестираат во стратешки проекти напредуваат во 21 век
    • Мицкоски: Вчера дознав дека ми се заканувале – да не бев Премиер знам како се решаваат овие работи
    • Судскиот совет на средба со министерот за правда: Актуелните состојби и предизвици во фокусот на нивните разговори
    • Ја тепал ќерка му со дрвен предмет – полицијата го расчистува случајот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ако сте на боледување, ќе може да ви дојде контрола на домашна адреса – ФЗОМ предлага нови измени за намалување на злоупотреби

    Ако сте на боледување, ќе може да ви дојде контрола на домашна адреса – ФЗОМ предлага нови измени за намалување на злоупотреби

    14.09.2026 во 14:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Фондот за здравствено осигурување предлага измени со кои би се зајакнале контролите на боледувањата и би се спречиле евентуални злоупотреби. Меѓу новите мерки е можноста контролори да проверуваат дали лицето кое користи боледување се наоѓа на адресата на која треба да го поминува отсуството.

    Контролите би можеле да се вршат по случаен избор, но и по пријава од работодавач. Директорот на ФЗО, Златко Перински, најави дека до Управниот одбор ќе бидат доставени предлози за измени на Правилникот за боледување и на критериумите за контрола.

    Според предлогот, матичните лекари наместо досегашните седум би можеле самостојно да отвораат боледување во траење до пет дена.

    Најголемата промена се однесува на контролата на лицата кои се на боледување. Контролор би можел да дојде на домашната адреса на осигуреникот за да провери дали тој се наоѓа таму.

    Доколку лицето не биде затекнато, контролорот би оставил известување со кое осигуреникот ќе биде повикан пред лекарска комисија да објасни зошто не се наоѓал на адресата на која требало да го поминува боледувањето. За утврденото отсуство би бил информиран и работодавачот.

    Перински посочи дека за 2026 година ФЗО има предвидено 6,454 милијарди денари за боледувања и породилно отсуство, поради што, според него, е неопходно да се зајакнат механизмите за контрола.

    Со измените се предвидува и дополнителна ревизија на боледувањата што ги одобруваат лекарските комисии, врз основа на извештајот од контролорот.

    Предложените правила засега не се во сила. Управниот одбор на ФЗО треба да ги разгледува следната недела, а доколку бидат усвоени, ќе биде потребно позитивно мислење и согласност од Министерството за здравство пред нивната примена.

    Во пакетот предложени измени е опфатено и прашањето за рецептите издадени во дежурните служби. ФЗО предлага тие да важат 24 часа, наместо досегашното правило според кое требало да бидат реализирани до полноќ истиот ден.

    Прочитај повеќе

    Пензионер со сузуки прегази 56-годишна скопјанка

    14.09.2026 во 13:57

    Мицкоски: Вчера дознав дека ми се заканувале – да не бев Премиер знам како се решаваат овие работи

    14.09.2026 во 13:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.