Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – бензинот ќе оди над 100, дизелот ќе поевтини

    14.09.2026 во 09:50

    СДСМ: Мицкоскси штом ќе зине – лаже

    14.09.2026 во 09:46

    СДСМ: Во која бајка живее Мицкоски?

    13.09.2026 во 11:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Општина Аеродром: Секој ден ги чистиме улиците
    • Најмалку 129 лица се водат како исчезнати по потонување на ферибот во Индонезија
    • Две возила опожарени утрово во Аеродром
    • Божиновска со органите во состав: Ревизорските наоди мора да добијат конкретен одговор и рок за реализација
    • Кузеска: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра
    • СДСМ: Арамија Мицкоски и Клековски ги кријат извештаите за водата – Сега умре и рибата во Треска
    • Минчев: Еднаква плата за еднаква работа – од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор
    • Маж утрово се фрлил во Вардар во скопски Аеродром – со Брза помош префрлен во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Аеродром: Секој ден ги чистиме улиците

    Општина Аеродром: Секој ден ги чистиме улиците

    14.09.2026 во 12:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно работат на терен и се грижат за хигиената во општината. Се косат тревниците, се чистат и уредуваат улиците и пешачките патеки, се собира отпадот, а се средуваат и дрвјата и гранките на повеќе локации. Паралелно, продолжува расчистувањето на дивите депонии, со цел создавање почиста, поуредна и поздрава животна средина за жителите на Аеродром. Екипите континуирано работат на терен и навремено интервенираат на локациите каде што има потреба. Во исто време, се поставуваат нови и се обновуваат постојните клупи за седење, создавајќи побезбедна, поуредна и попријатна средина за секојдневно живеење и престој, а се спроведува и реконструкција на детските и спортските игралишта, со што се создаваат подобри услови за игра, спорт и рекреација за најмладите, но и за сите граѓани.

    Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, апелира до граѓаните совесно да го одлагаат отпадот и да не создаваат диви депонии, нагласувајќи дека чистотата на општината е заедничка одговорност.

    „Чист и уреден Аеродром е заедничка грижа и придобивка за сите нас. Општината и комуналните служби продолжуваат секојдневно да работат на терен, но за трајно и одржливо решение е неопходно и одговорно однесување од секој поединец“, посочува Митески.

    За граѓаните кои имаат поголемо количество отпад од своите домови, ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром стои на располагање за негово преземање и правилно депонирање во ЈП „Дрисла“, за минимален паричен надомест. Услугата може да се закаже на телефонскиот број 072 270 886.

    Прочитај повеќе

    Две возила опожарени утрово во Аеродром

    14.09.2026 во 11:39

    ЗНАМ: Како ветувањето на Герасимовски за бесплатни оброци за сите ученици се промени во субвенциониран оброк од едвај 1.000 денари

    14.09.2026 во 10:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.