Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – бензинот ќе оди над 100, дизелот ќе поевтини

    14.09.2026 во 09:50

    СДСМ: Мицкоскси штом ќе зине – лаже

    14.09.2026 во 09:46

    СДСМ: Во која бајка живее Мицкоски?

    13.09.2026 во 11:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Арамија Мицкоски и Клековски ги кријат извештаите за водата – Сега умре и рибата во Треска
    • Минчев: Еднаква плата за еднаква работа – од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор
    • Маж утрово се фрлил во Вардар во скопски Аеродром – со Брза помош префрлен во болница
    • ЗНАМ: Како ветувањето на Герасимовски за бесплатни оброци за сите ученици се промени во субвенциониран оброк од едвај 1.000 денари
    • Премиерот се сретна со занаетчиите, фризерите и берберите: Предизвиците во фокусот на разговорите
    • СДСМ: Арамија Мицкоски повторно лаже со статистика – „Фич“ не кажа дека се живее подобро 
    • Герасимовски: Нова водоводна и фекална мрежа за 200 жители на Маџир Маало
    • Модерни спортски терени и во ОУ „Гоце Делчев“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Арамија Мицкоски и Клековски ги кријат извештаите за водата – Сега умре и рибата во Треска

    СДСМ: Арамија Мицкоски и Клековски ги кријат извештаите за водата – Сега умре и рибата во Треска

    14.09.2026 во 11:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Десет недели. Толку долго трае лагата за водата.

    Во Гостивар илјадници граѓани се отруја. Околу пет илјади бараа помош. До денес немаат потпишан јавен извештај што го разбира секој што пие вода од чешма. 

    Го имаат само зборот на арамијата Мицкоски дека е чисто. После хиперхлорирањето на Тошковски. После бактериите. После забраната. После техничката вода што не се пие. Зборот на шефот на бандата не е анализа. 

    Сега угинува рибата во Треска. Се бараат итни анализи. Истото прашање како во Гостивар, како на Лепенец, како на Вардар: каде се резултатите?, прашуваат од СДСМ.

    Орце Ѓорѓиевски, човекот-дрон на ВМРО-ОКГ, водата ја проверуваше од воздух. Резултат нема. Во повеќе од педесет места низ Македонија извештаи за квалитет на водата нема. 

    Ги кријат Мицкоски и Клековски. Ги кријат затоа што водата не се слика добро кога е валкана. Ги кријат затоа што труењето има име и презиме, функција и одговорност.

    Зошто се кријат извештаите? Затоа што ако народот ги прочита, пропаѓа бајката. Пропаѓа фразата – „нема криминал“. Пропаѓа лагата – „се живее подобро“. Пропаѓа концертот како анестезија.

    Арамијата мисли дека после Дејвид Гета, платен 5,53 милиони народни евра од Лотарија, граѓаните ќе заборават што пијат. Нема да заборават. Водата не е естрада. Водата не е публика од 200.000 што ја нема. 

    Водата е прва работа што влегува во куќата. Кога ќе ја отруеш, си ја отрул државата.

    ВМРО-ОКГ управува вака: камера на бина, дрон над река, извештај во фиока. 

    СДСМ бара сега, не утре: целосни извештаи за Гостивар, за Треска, за Лепенец, за Вардар и за секое место каде што водата се крие како државна тајна. 

    Без потпис на лабораторија нема чиста вода. Има само банда што се плаши од сопствената чешма.

    Кој крие вода, крие злосторство. А кој после тоа организира концерт, не слави независност. Слави што народот сеуште нема документ во рака дека водата е чиста, додаваат од партијата.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Арамија Мицкоски повторно лаже со статистика – „Фич“ не кажа дека се живее подобро 

    14.09.2026 во 10:31

    ВМРО-ДПМНЕ: Политичките инсталации на СДС и ДУИ во правосудството повторно ја газат правдата и ги штитат криминалците

    14.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.