Остварив средба со претставници на Занаетчиската комора на РСМ, како и со претставници од фризерско-берберската и козметичката секција, информираше на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.
Разговаравме отворено за предизвиците со кои се соочуваат занаетчиите, нивните предлози и идеи, како и за можностите за подобрување на условите за работа и развој на занаетчиството.
Дијалогот со луѓето од реалниот сектор е важен за создавање конкретни и одржливи решенија, напиша премиерот на ФБ.

